КФСМ одлучи, нема шампион и нема испаѓање од Првата лига

фото: КФМ

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) денеска соопшти дека е донесена одлука за завршување на Првата лига во машка конкуренција и тоа без да се прогласи шампион.

Одлуката за која гласаа екипите со убедливо мнозинство поминала на гласањето на Управниот одбор и таа е објавена на официјалиот сајт на КФСМ.

.
Нема да има испаѓање во понизок ранг, додека две екипи од Втората лига ќе бидат нови прволигаши следната сезона.

Останува да се види реакцијата на лидерот на табелата до прекинот на првенство, тимот на МЗТ Скопје Аеродром, кој се противеше на ваквата одлука и најави дури и напуштање лигата при ваков епилог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот