Кети Пери мора да плати огромна сума за кршење на законот
Кети Пери конечно ја плаќа цената за снимањето на музичкото видео за минатогодишната песна „Lifelines“ – и тоа е прилично висока цена.
Препорачано
Според извештајот во „Мајорка Дејли Булетин“ (Majorca Daily Bulletin), нејзината продуцентска куќа е казнета со 6.001 евра за снимање без дозвола во заштитено природно подрачје, прекршок што се смета за „сериозен“.
Целата приказна започна во летото 2024 година кога Кети го објави музичкото видео за својот втор сингл од албумот „143“, во кој се користени снимки од песочните дини во природниот парк Сес Салинес во Шпанија. Проблемот беше што продукцијата немала потребна дозвола за снимање на таа локација. Затоа, Одделот за заштита на животната средина на Балеарските Острови започна истрага за да утврди дали снимањето предизвикало штета на природата.
Тие исто така тврдеа дека ги почитувале сите прописи поврзани со снимањето, местото и службите што го заштитуваат.
Сега, една година подоцна, истрагата се чини дека е завршена. Продукцијата на Кети брзо ја платила казната, а што е уште поважно – не е пронајдена трајна штета на животната средина.
Дините с’Еспалмадор и блиската плажа Сес Илетес се сметаат за најприродно зачувани дини на Балеарските Острови, па затоа реакцијата на јавноста беше оправдана. Иако во официјалното соопштение на одделот се вели дека снимањето на дините не е нужно „еколошки криминал“, тоа сепак е прекршување на правилата, пишува „Космополитен“.
Откако веста протече, претставник на издавачката куќа на Кети, „Capitol Records“, рече дека веруваат дека ги имаат сите потребни дозволи.
„Локалната продуцентска куќа нè увери дека сите дозволи се обезбедени“, изјави тој за „Variety“ во тоа време.
„Подоцна откривме дека една дозвола е во процес на издавање, но ни беше дадена усна дозвола за снимање“, рече тој.


