Ќерките на Марадона сведочеа во обвинителството: Го видовме дека пуши марихуана и пие, а му дадоа и мистериозни таблети

epa08260737 Gimnasia y Esgrima coach Diego Armando Maradona reacts during a match between Gimnasia y Esgrima vs Atletico Tucuman in the Argentine Football Super League at the Juan Carmelo Zerillo stadium in La Plata, Buenos Aires, Argentina, 29 February 2020. EPA-EFE/Demian Alday Estevez

Продолжува истрагата за смртта на легендарниот аргентински фудбалер, Диего Марадона.

Поминаа три месеци од смртта на Диего Армандо Марадона (26. номеври), а дури сега полека но сигурно почнуваат да се појавуваат детали од неговиот живот кои покажуваат дека имало пропусти во работата на луѓето кои беа одговорни за неговото здравје.

Неговите ќерки Џанина и Јана сведочеа пред обвинителите кои водат истрага за несовесното лечење кое доведе до смрт на легендарниот фудбалер.
Според зборовите на адвокатот, Родолфо Баке, кој е бранител на медицинската сестра Дајана Мадрид, ќерките на Диего на обвинителите им изјавиле дека го виделе неговиот татко како конзумира алкохол и пуши марихуана пред да оди на операција на мозокот која се случи на 2. ноември.
– Обвинителите ги прашаа дали Диего користел опијати и тие рекоа дека го виделе како пуши марихуана со Карлос Ибањез ( обвинителите веруваат дека тој му набавувал марихуана на Марадона, а истрагата утврдила дека тоа тоа му бил лажен идентитет) и дека можат да потвдат на основ на мирисот кој го почувствувале. Запрашани се дали го виделе пијан и тоа во присуство на неврохирургот Леополд Луке и психијатарот Агустина Косачов и тие објаснија дека веруваат оти тоа е вистина. И двете потврдија дека Косачов му дала одредени пилули на Марадона и дека не знаат како се викаат тие, но им било објаснето дека со нив ќе се спречи Диего да продолжи да конзумира алкохол бидејќи ќе предизвикаат реакција на секој обид да се напие. Сите кои се грижеа за неговото здравје, наводно знаеле дека Диего пред операцијата на мозокот конзумирал алкохол и дрога – изјави адвокатот Баке.

Истрагата за смртта на Диего Марадона се води за човекот кој беше на чело на тимот на медициски лица кои се грижеа за фудбалерот во неговиот дом, Маријано Перони, лекарката која му препиша домашно лекување во операцијата Ненси Форлини, неврохирургот Леополд Луке, психијатарот Агустина Косачов, нејзиниот колега Карлос Дијаз, медицинската сестра Дајана Мадрид и медицискиот брат Рикардо Омар Алмирон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот