Фото: EPA/DIMITRIS LEGAKIS

Керим Алајбеговиќ ја однесе БиХ во финалето на плејофот за СП, па потпиша за Баер Леверкузен

Фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ (18), потпиша договор со германскиот клуб Баер Леверкузен.

Овој договор дојде само еден ден откако со националниот тим стигна до финалето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026, по победата во Кардиф над Велс.

Велшаните беа во водство од 51. минута, а Босанците израмнија во самиот финиш (86`) преку Един Џеко по асистенцијата на Алајбеговиќ. Во пенал серијата БиХ славеше со 4:2, а решавачкиот удар од белата точка го имаше токму Алајбеговиќ кој беше прецизен и го донесе триумфот.

Така, Алајбеговиќ се враќа во редовите на „фармацевтите“, претходно беше испратен на позајмица во австриски Салцбург, но по само една година повторно се враќа во бундеслигашот.

„Добре дојде назад, Керим! Алајбеговиќ се враќа во Баер 04 по една година во Салцбург. Тој потпиша петгодишен договор“, објави германскиот клуб.

Офанзивниот играч од средниот ред игра одлично во Салцбург оваа сезона, и веќе има учинок од 11 гола и три асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот