Кери од „Сексот и градот“ изгледа како тинејџерка на 55 години

Profimedia
Profimedia

Познатата актерка се појави на промоцијата на колекцијата чевли која ја креира во соработка со компанијата „Маноло Бланик“

Популарната американска актерка Сара Џесика Паркер (55), која се прослави со улогата на Кери Бредшо во една од најгледаните серии ширум светот „Сексот и градот“, беше фотографирана во срцето на Њујорк, Менхетен, каде ја претстави есенската колекција „SJP“ (Сара Џесика Паркер).

Фото: Профимедиа

Имено, актерката изгледаше многу среќно што оваа колекција ја дочека својата промоција и беше многу посветена додека им ја презентираше на присутните гости и новинари. Секој знае дека чевлите биле нејзина страст уште од улогата на Кери Бредшо, а и во приватниот живот Сара е верен поддржувач на модата.

Фото: Профимедиа

Изгледа лудо, но мислам дека луѓето го очекуваа тоа од мене, особено поради Кери Бредшо. Ова се комбинации на бои ретко се наоѓаат, но се смели и убави чевли што ќе посакате да ги имате во вашиот плакар, рече Сара Џесика Паркер во изјавата за магазинот „Вог“ во 2015 година, кога ја објави својата прва колекција чевли.

Колекцијата е надополнета со колекција на чанти и палта, а на актерката при креирањето и Џорџ Малкемус, сопственикот на компанијата „Маноло Бланик“.

Фото: Профимедиа

По тој повод, таа носеше сива јакна со светки, светли фармерки и кратки чизми до глуждот со ист дизајн како и јакната. Под јакната, таа носеше едноставна блуза со нежно сиви линии, која пак совршено одговараше со заштитната маска што Сара ја носеше на лицето.

На некој начин сè беше совршено вклопено, а во оваа комбинација на облека Сара изгледаше удобно и младешки.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот