Кенија покрена истрага по исчезнувањето на донација на заштитна опрема од два милиони долари

Властите во Кенија покренаа истрага по повод исчезнувањето на донацијата на заштитна медицинска опрема, што земјата ја доби од Кина за борба против вирусот Ковид-19, соопштија денеска официјални лица.

Од опремата, вредна два милиона долари, недостигаат хируршки маски, заштитни одела, изолациски наметки и термометри, пренесува Би-Би-Си.

Од почетокот на епидемијата, Кенија доби донации од бројни меѓународни организации, меѓу кои и од милијардерот Џек Ма, ММФ и многу земји од ЕУ, но Владата во таа африканска земја се соочува со обвиненија дека ги користела овие донации, бидејќи медицинските работници реагираат на недостиг на заштитна опрема.

Министерот за здравство на Кенија, Мутахи Кагве призна дека има „чудни елементи” во целата приказна и вети дека ќе ги изведат сторителите пред лицето на правдата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот