Володимир Зеленски и Кит Келог / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Келог вели дека Украина и Русија се „навистина блиску“ до договор

Договорот за запирање на војната во Украина е „навистина блиску“, изјави денеска специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, кој сепак додаде дека постигнувањето конечен договор зависи од решавањето на две клучни нерешени точки: статусот на регионот Донбас и нуклеарната централа „Запорожје“, пренесе „Ројтерс“.

Келог, кој во јануари ја напушта функцијата, посочи дека напорите за мир се во „последните 10 метри“, кои, како што потенцира, секогаш се најтешки. Тој нагласи дека двете отворени прашања се однесуваат на територијалниот статус на Донбас и иднината на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, која моментално е под руска контрола.
„Ако ги решиме овие две прашања, мислам дека и останатите работи ќе бидат решени доста добро“, рече Келог.

Според првичните американски предлози, централата Запорожје би се рестартирала под надзор на МААЕ, а произведената електрична енергија би се делела подеднакво меѓу Русија и Украина.

ВИДЕО | Трамп: Владимир Путин сака мир

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот