Кејт Винслет за новата љубовна драма со експлицитни кадри: „Најгорда сум на љубовните сцени“ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Оскаровките Кејт Винслет (44) и Саоирсе Ронан (26) играат заедно во новиот филм „Амонит“, кој наскоро ќе се појави во киносалите ширум светот.

Она што е интересно за овој филм се експлицитните сцени, чии главни актери се токму овие две актерки. Кејт и Саоирсе снимаа секс сцена за која пишуваат сите светски медиуми последниве денови.

Во интервју за „Холивуд репортер“, Кејт откри дека оваа сцена е една од најексплицитните што ги има снимено, но дека е многу горда.

Фото: Imdb

„Горда сум што го покажав своето голо тело во 40-тите години. Не е тоа телото што го имав порано”, рече таа.

Таа призна дека филмскиот режисер Франсис Ли бил нервозен поради нивното снимање, па затоа решила да ја преземе контролата.

„Чувството сигурно не беше како кога јадете сендвич. Саоирсе и јас заедно ја дизајниравме сцената. Се договоривме како ќе започнеме, како ќе се бакнуваме, што ќе правиме со градите, во кои пози ќе бидеме. Го обележавме ритамот на секоја сцена”, открива таа.

Иако Саоирсе е на скоро половина од нејзината возраст, таа само се насмеа на помислата на двојничка.

„Да имате таква можност во 40-тите години, да бидете свои, откако ќе родите деца … Дали разбирате што сакам да кажам? Жените инаку навистина немаат храброст за такво нешто”, додаде таа.

Кејт е најзапаметена по улогата на Роуз во филмот Титаник, а во овој филм ќе ја игра улогата на колекционерката на фосили Мери Анинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот