Кејт Мидлтон со една реченица ја расплака Британија: Принцезата со солзи во очите проговори за ракот
Британската принцеза Кејт Мидлтон (42) со солзи во очите проговори за својата болест и борбата против ракот. Принцезата од Велс во петокот беше домаќинка на традиционалната божиќна служба во Вестминстерската опатија со своето семејство. Ова беше еден од најголемите собири на кои присуствуваше откако се врати на кралските должности по завршувањето на хемотерапијата.
Препорачано
Заедно со неа беше нејзиниот сопруг принцот Вилијам, како и децата – принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот. За таа прилика, принцезата од Велс носеше светло-црвен капут с потпис на Александар Меквин со црна панделка, кој го искомбинија со високи црни чизми на Ралф Лорен. Нејзината ќерка исто така беше во црвена, но малку потемна нијанса, накај до бордо.
Кејт била расположена и насмеана, но во еден момент во текот на службата за малку ќе заплачела. Со очи полни солзи, во рацете држела свеќа.
Малку подоцна во разговор со пејачката Палома Фејт, која изведувала песни на богослужбата, принцезата од Велс си ја отворила душата. Имено, пејачката изрази сочувство со принцезата која оваа година беше подложена на хемотерапија во текот на лекувањето на ракот, а Кејт признала дека и самата не знаела што ја чека.
– Минатата година во ова време не знаев што ме чека, не знаев дека тоа ќе биде годината која штотуку ја имав. Непланирано… но мислам дека многу луѓе оваа година, како мене, имаа предизвикувачко тешко време и многу од нив се тука денеска – рекла Кејт.
Службата наречена „Заедно за Божиќ“ е мешавина од традиционални песни, музика и читање на Библијата, а на самиот настан во Вестминстерската опатија присуствувале повеќе од 1.600 луѓе. Во дворот на опатијата имало огромна елка, но наместо украси, луѓето, меѓу кои и децата на Кејт и Вилијам ги закачиле своите пораки напишани на црвени картони.


