Кејн на клупа, стартните 11 на Шкендија и Тотенхем (ФОТО)

Фото: instagram.com/fcshkendija/

Двајцата тренери Ернест Ѓока и Жозе Мурињо објавија со кои фудбалери ќе го започнат денешниот меч од третото квалификациско коло на Лига Европа.

Дуелот е од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Мурињо одлучи на клупата да го остави еден од најдобрите светски напаѓачи, Кејн, а на голманската позиција стартува ветеранот Џо Харт.

Ѓока поради црвениот картон на Алими од дуелот со Ботошани мораше да направи промена, па сега во почетните 11 се наоѓа Нафиу.

Фото: принтскрин/flashscores

Стартните 11 играчи на Шкендија и Тотенхем за вечерашниот натпревар –

Шкендија: Захов, Павиќ, Бејтулаи, Кривак, Мурати, Дита, Тотре, Дориев, Ахмеди, Нафиу, Ибраими.

Резерви: Ес Сахал, Мерџани, Незири, Рамадани, Реџепи, Садриу, Зејнулаи. Тренер: Е. Ѓока

Тотенхем: Харт, Дејвис, Алдервирелд, Санчез, Орие, Ндомбеле, Винкс, Бергвијн, Сон, Али, Ламела.

Резерви: Дајер, Доерти, Кејн, Лорис, Ло Селсо, Лукас, Сисоко. Тренер: Ж. Мурињо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот