Кецмановиќ добил „специјален третман“ на Ролан Гарос: Публиката ме плукаше, тоа е безобразие
Србинот играл со домашен тенисер, а домашната публика не избирала начин да му попречи да победи
Атмосферата на грен-слем турнирите треба да е на висина и пример за останатите турнири ширум светот. Но на Ролан Гарос тоа не е така, ако се суди според сведоштвото на Миомир Кецмановиќ, кој го изгуби мечот со домашниот тенисер Кентан Алис во четири сета.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По мечот Србинот се жалеше на однесувањето на домашната публика, која не се воздржувала да го попречува на секаков начин, па дури и со плукање.
– На овој терен е поизразено отколку на други терени, сите се блиску. На поголем терен…, не се толку блиску до вас, не можат да плукаат по вас и да фрлаат работи по вас. Плукнаа и по мене. Се согласувам, домашен играч, сè е во ред, но ова е безобразие. Некои луѓе се справуваат подобро, некои полошо – изјави Кецмановиќ по поразот во второто коло од 4-6, 6-3, 7-6 (7-2), 7-5.
Кецмановиќ играл на озлогласениот терен 14, на кој трибините се близу до теренот.
– Атмосферата беше ужасна, беше ужасно чувство. Веројатно му помогна, немаше да биде вака ако тие не беа таму – вели Кецмановиќ, а пренесува Спортклуб.


