Ќе се разгледа можноста за финансиска поддршка на работодавачите кои ослободиле родител од работа

Ќе се разгледува можноста да се обезбеди финансиска поддршка за работодавачите кои ослободиле родители на деца до 10 години за време на кризата предизвикана од ковид.

Можноста за финасиска помош се разгледува да биде преку Фондот за здравствено осигурување или преку нов пакет економски мерки.

Според заклучокот на Владата, мерката да ги опфаќа работодавачите кои во моментов ослободиле родители од работа и работни активности, имајќи предвид дека истите ќе продолжат да бидат ослободени од работа и работни обврски.

-Дополнително, како што се посочува, Владата ги задолжи министерствата за труд и социјална политика, за образование и наука и за информатичко општество и администрација, да ги разгледаат можностите да се предвиди и извршување на работа со скратено работно време или работа во смена за оваа категорија на лица кои во овој момент се ослободени од извршување на работа и работни активности со физичко присуство на работното место, стои во соопштението од владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот