Ќе бидам среќен доколку Фетел премине во Мерцедес

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Шефот на Ферари, Матија Биното изјави дека не беше лесно да се разделат со Себастијан Фетел и дека нема ништо против тој да помине во Мерцедес.

Заминувањето на Себастијан Фетел од Ферари претставуваше големо изенадување со оглед дека Германецот е четирикратен шампион.

Но, Фетел не успеа да ги повтори резултатите од Ред Бул по што во италијанскиот тим се одлучија тој да биде заменет со Карлос Саинс од Мекларен.

Како идна дестинација на Фетел од 2021 година се споменува Мерцедес кој доминира во последните три години.

– Ќе биде голема загуба за Формула 1 доколку се повлече Фетел. Ќе биде важно за него да најде добар болид идната годиа. Слушам дека постои можност да оди во Мерцедес и би бил среќен доколку се реализира тој трансфер – вели Биното кој објаснува дека не беше лесна одлуката да се прекине соработката.

– Себастијан ни беше прв избор но потоа се појави пандемијата и состојбата се смени. Буџетите се намалија, а се сменија уште неколку работи – додаде Биното кој притоа демантира дека му бил понуден само едногодишен договор на Германецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот