Казни за ѕвездите на Баерн кои нема да возат Ауди

EPA-EFE/LUKAS BARTH

Германскиот тим има спонзорски договор со автомобилскиот гигант.

Речиси сите најголеми фудбалски екипи имаат ексклузивни договори со производители на автомобили, а должност на фудбалерите на тренинзите и натпреварите да доаѓаат со возилата на спонзорот.

Еден од најголемите производители на автомобили Ауди е спонзор на екипи како Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен, но ѕвездите на германскиот тим се почесто ја избегнуваат обврската.

Ауди е спонзор на Баерн од 2006 година, а згора на тоа е и дел од сопственичката структура, поседуваат осум проценти од германскиот тим, и поради тоа не сакаат фудбалерите да не го почитуваат договорот.
Роберт Левандовски вообичаено најчесто е во Бентли, Николас Суле вози Ферари, а Жером Боатенг го обожува Мерцедес.

Весникот „Билд“ пренесува дека спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, одлучи да стави крај на таквото однесување и воведе големи парични казни.

Отсега секој фудбалер кој нема да вози службено возило Ауди, ќе биде казнет со 50.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот