Ќатип Османи не е повеќе тренер на Шкендија

facebook.com/fcshkendija/

Неодамна газдата Дестани најави итни промени поради лошите резултати кои никако да прекинат, во последното лигашко коло во саботата, тетовските „црвено-црни“ загубија и од новиот прволигаш Борец.

Работната група која го презема управувањето со ФК Шкендија, одлуката е последица на последните слаби резултати на клубот не само на домашно, туку и на европско натпреварување летово.

На табелата во Првата лига по првите четири кола неочекувано шампионот е на последното 10 место со само еден освоен бод и само еден постигнат гол. Османи после тие европски елиминации истакнуваше дека реализацијата потфрли и се надеваше дека таа ќе се поправи, но тоа барем досега не се случува во новата сезона.

– Сите во ФК Шкендија му се заблагодаруваат на Ќатип Османи за неговиот придонес во постигнувањето на историските резултати во изминатите години, посакувајќи му се најдобро во иднина – се вели во соопштението на клубот.

До именувањето на новиот шеф на стручниот штаб, како вршител на должност привремен тренер е назначен Ерхан Селими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот