Кастриот Реџепи откри зошто се приклони кон ДУИ: Ме избркаа од партија преку социјалните мрежи

Кастриот Реџепи / Фото: Драган Митрески

„Ме избркаa од мојата политичка партија“, изјави вечерва пратеникот Кастриот Реџепи во гостување на  Алсат, додавајќи дека во Беса не прифатиле да има ниту состанок на органите, на кој тој би ги образложил причините за неговата постапка во Собранието лани во ноември.

Реџепи тогаш, како пратеник на Беса, беше клучен за неуспехот на иницијативата за соборување на Владата на Зоран Заев лани во ноември, кога не се појави на седницата на која требаше да се гласа за доверба на владиниот кабинет, а дента со часови беше недостапен и не се знаеше зошто отсуствува. Беса тогаш премина во опозиција и го исклучи Реџепи од партијата. Тој продолжи да делува како независен пратеник, а неделава соопшти дека се приклучува кон „огнената група“ функционери на ДУИ, предводена од Изет Меџити и Блерим Беџети.

Актуелната власт „преживеа“ со тесно мнозинство откако се „засили“ со дотогашните опозиционери од Алтернатива на Африм Гаши, кој ја раскина долгогодишната коалиција со Алијанса за Албанците.

„Мојата партија ме избркa, не прифаќајќи состанок на нејзините тела, ниту пред ниту по мојата акција, да ги слушне моите аргументи. Претседателот на мојата партија ме избрка од партијата преку социјалните мрежи. Јас проценив дека не треба да гласам за недоверба на Владата“, рече вечерва Реџепи.

Тој додаде дека Изет Меџити „стоел покрај него“ кога го избркале од Беса, а со него разговарале и за евентуален премин во ДУИ.

“На оваа средба се сретнавме со Изет Меџити, Блерим Беџети и мојот пријател Алко на кафе, но секако и за создадената политичка ситуација, па сакав да се уверувам дека последните случувања нема да имаат последици по евроинтеграцискиот пат на државата“, рече Кастриот Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот