Каспер Шмајхел објави крај на кариерата: Некогаш животот не оди според желбите
Каспер Шмајхел официјално стави крај на својата богата професионална кариера, откако 39-годишниот голман во изминатата сезона се соочуваше со сериозни проблеми поради тешка повреда на рамото.
Препорачано
Иако имаше уште една година од договорот со Селтик, искусниот Данец реши летово да се повлече од активното играње фудбал, токму поради здравствените проблеми.
„Секој фудбалер сонува да се прости на теренот, но животот секогаш не оди според желбите. Имав долга кариера и безброј прекрасни моменти, па фудбалот ништо не ми должи. Најмногу ќе ги паметам пријателствата, соблекувалната и сите моменти што ги делев со соиграчите и во добри и во тешки периоди. Целиот мој живот беше поврзан со фудбалот, но сега ме очекува ново поглавје и време да размислам по кој пат ќе продолжам“, порача Шмајхел.
Најголемиот успех во кариерата Шмајхел го доживеа со Лестер со кој сензационално ја освои титулата во Премиер лигата. Во клубот остана до летото 2022 година, по што настапуваше за Ница и Андерлехт, а од 2024 година до денес е дел од Селтик. Ќе потсетиме, тој е син на легендарниот дански голман Петер Шмајхел.
BREAKING: Kasper Schmeichel announces his retirement from football 🚨 pic.twitter.com/TOm4fkZgQ6
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 27, 2026


