Касами го исклучи Кастриот Реџепи од Беса

Кастриот Реџепи, пратеник од Беса, Фото: Архива

Преку објава на Фејсбук, попладнево претседателот на Движење Беса, Билал Касами информираше дека го исклучил од партијата Кастриот Реџепи, пратеникот кој не дојде во четвртокот во Собранието кога беше поднесена интерпелација за Владата.

– Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи кој не се појави во Собранието предходниот ден, да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето Беса, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето Беса, го исклучив гореспоменатиот член од сите партиски функции и тој не е повеќе член на Движењето Беса, напиша Билал Касами.

Кастриот Реџепи, исто така, преку социјалната мрежа Фејсбук најави дека во понеделник ќе одржи прес-конференија на која ќе образложи за неговите постапки и недоаѓањето на седницата во Собранието.

Реџепи се појави со видео: Биљал Касами и другите не треба да се грижат за мене, јас сум со ЕУ и НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот