Реџепи се појави со видео: Биљал Касами и другите не треба да се грижат за мене, јас сум со ЕУ и НАТО
Пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи, кој денеска најави дека нема да учествува на собраниската седница на која требаше да се гласа за доверба на Владата, по гласините дека е киднапиран и испратен во Бугарија, се појави со видеозапис на Фејсбук.
Препорачано
Тој вели дека ниту Биљал Касами, ниту некој друг не треба да се грижи за неговата безбедност и цврсто е посветен на патот на земјата кон НАТО и ЕУ.
„Почитувани граѓани, најпрво, ви благодарам за поддршката. Безбедноста, мирот и благосостојбата на нашиот народ дефинитивно треба да бидат најважното нешто за сите нас. Претседателот Биљал Касами и другите не треба да се грижат за мене. Јас сум на безбедно место и на вистинската страна, со Албанците и со сите граѓани на државата кои сакаат мир, слобода и демократија, јас сум со ЕУ и НАТО, а не со антиалбански кругови. Штом поминат некои ризици од заканите на некои поединци ќе се појавам пред медиумите и ќе ги објаснам сите. Господ да ги благослови Албанците, Македонците и сите што живеат во Република Северна Македонија, вели во видеопораката пратеникот Кастриот Реџепи.


