Каролина Аврамовска ни препорачува: Израдувајте ги најблиските со посен, здрав и превкусен чоколаден пудинг со просо

„Најтешкиот дел за време на диетите ми е потребата од кремовите, особено пудингот од чоколадо и ванила. Пудингот со просо ми е совршена здрава замена, без да почуствувам вина за прекршување на диетата“

Потребни состојки:

  • Пола шоља просо
  • 2 шољи вода
  • 1 банана
  • 70 грама урми
  • 4 лажици какао
  • 4 лажици маџун
  • 20 грама растопено чоколадо

Начин на подготовка:

Најпрво, се мие просото, па му се додаваат шољите со вода.

Се вари додека водата не испари.

Пред крај, се додаваат останатите состојки и се соединува смесата

Се засладува по желба.

Послужете и уживајте!

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот