Карлос Сантана заврши во болница: Од салата го изнеле на носилки
Познатиот музичар Карлос Сантана итно бил префрлен во болница откако му се слошило пред концертот во Тексас.
Препорачано
Претставникот за медиумите на Сантана изјави за „ТМЗ“ дека гитаристот бил лекуван од дехидрација во вторникот. Веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница и задржан на лекување за понатамошна анализа.
Carlos Santana Suffers Medical Emergency Before Show | Click to read more 👇 https://t.co/imTCIZYzrg
— TMZ (@TMZ) April 22, 2025
Тој истакнал дека концертот планиран да се одржи во театарот „Маџестик“ во Сан Антонио во моментов не е откажан – но тоа може да се промени во зависност од тоа како гитаристот ќе реагира на третманот.
Присутните кои биле на местото пред концертот, тврдат дека Сантана правел тонска проба кога му се слошило и на носилки бил изнесен од салата.
Сличен инцидент се случи пред неколку години, кога Сантана колабираше на сцената во јули 2022 година од, како што тврдеше неговиот тим, топлотна исцрпеност и дехидрација.
Во таа прилика Сантана бил среде концерт и исто така итно бил префрлен во болница.
Сантана има закажани концерти за петок и сабота како дел од неговата турнеја „Единство“ 2025 година.


