Карлос Саинс и официјално е наследникот на Фетел во Ферари

EPA-EFE/MICHAEL DODGE

Карлос Саинс јуниор денеска и официјално стана возач на Ферари откако потпиша двегодишен договор.

Славниот италијански тим не успеа да се договори со Себастијан Фетел за продолжување на договорот кој истекува на крајот од 2020 година, и експресно си најде замена во возачот на Мекларен.


Саинс ќе биде третиот Шпанец кој ќе вози за Ферари по Алфонсо де Портаго кој во 1950-тите години пет пати го возеше црвениот болид, и Фернандо Алонсо кој пет години беше дел од тимот и притоа три пати беше вицешампион.

– Задоволен сум што можам да објавам дека Карлос ќе му се приклучи на Ферари во 2021 година. Во пет години зад себе, Карлос покажа дека е талентиран возач и има технички можности и карактер за да биде дел од нашето семејство. Не очекува долго патешествие , но веруваме дека со талентот кои го имаат Саинс и Леклер, ова е најдобрата можна комбинација за нас – изјави шефот на Ферари, Матија Биното.

Саинс јуниор има 25 години, а во Ф1 е од 2015 година кога возеше за екипата на Торо Росо. Во 2017 година стана возач на Рено, а од минатата година се пресели во Мекларен каде ги имаше најдобрите трки.

– Многу сум среќен што ќе возам за Ферари од 2021 година и возбуден сум поради тоа – изјави Саинс.
Саинс е син на легендарниот шпански рели возач, Карлос Саинс, кој во 1990 и 1992 година триумфира во рели шампионатот, а има и три триумфи на релито Дакар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот