Каратистот Белистојаноски се закити со злато и сребро на „Гранд при Словачка“

Одлични резултати на македонскиот каратисти Матеј Белистојаноски/Фото: facebook/Matej Belistojanoski

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски („Спорт 94“ – Прилеп) оствари одлични резултати на меѓународниот „Гранд при Словачка“.

Нашиот натпреварувач успеа да освои златен медал во У-21 во категоријата -60 кг. Тој стигна до првото место по победата над Полјакот Бартош Војчеховски со резултат 1:0.

На патот до големото финале претходно славеше и против Доминик Свиталски од Полска (3:0), Глб Ломоватски од Унгарија (3:2) и Марсело Шабо од Унгарија (3:2). Резултати од категоријата ТУКА

Исто така Белистојаноски стигна и до сребро во јуниорска конкуренција во категоријата -55 кг. Во завршната битка загуби од Полјакот Камил Милски со 2:0.

Претходно оствари победи против Балша Војиновиќ од Црна Гора со 1:0, потоа против 2:0 против Адам Хемил од Шкотска, убедливо со 7:0 го елиминираше Велин Иванов од Бугарија. Резултати од категоријата ТУКА

Најуспешна земја на овој настан е домаќинот Словачка со 19 златни медали, пред Унгарија со 12 и Чешка со 10. Следуваат Словенија и Австрија по седум златни медали, Летонија шест, по пет Полска и Хрватска…Целосниот ранкинг ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот