Каратето ќе го нема ниту на ЛОИ 2028 година во Лос Анџелес, и боксот може да извиси

Каратето ќе го нема и на Игрите во Лос Анџелес 2028/ фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги објави списокот на предложени спортови за Летните олимписки игри во Лос Анџелес 2028 година, и на него го нема каратето, а неизвесна е судбината и на уште три спортови кои се членови на олимпиското спортско семејство.

Каратето летово во Токио дебитираше на ОИ, но нема да биде на наредните Игри во Париз 2024 година.

За Игрите во Лос Анџелес неизвесна е и судбината на уште три спортови, бокс, кревање тегови и модерен пентатлон. Овие три спортови добија рок од ИОК од 18 месеци да ги донесат неопходните промени доколку сакаат да го задржат својот статус на олимиски спортови во Лос Анџелес 2028 година.

Според претседателот на ИОК, Томас Бах, боксот и кревањето тегови имаат големи проблеми со корупција и допинг. ИОК препорача од модерен пентатлон да се исфрли диспциплибата прескокнување препреки со коњи, што превизвика големо негодување меѓу спортистите.

Прескокнувањето препреки со коњи е веќе дел од програмата на Летните олимписки игри и тоа кај коњичките спортови и поради тоа ИОК сака да го исфрли од модерен пентатлон и да ја замени со дисциплина која ќе ги зголеми популарноста и кредибилитетот на овој спорт.

Од друга страна, на ЛОИ во Лос Анџелес 2028 година ќе бидат вклучени скејтборд, сурфање и спортско качување, кои дебитираа на Игрите во Токио ова лето.

Останатите спортови на кои спостистите од целиот свет ќе се борат за медали во Лос Анџелес се: атлетика, веслање, бадминтон, кошарка, кану, велосипедизам, коњички спортови, мечување, фудбал, голф, гимнастика, ракомет, хокеј на трева, џудо, борење, пливање, рагби, таеквондо, тенис, пинг-понг, стрелаштво, стреличарство, траитлон, едрење и одбојка .

Конечната листа од 28 спортови кои ќе бидат дел од програмата на Игрите во Лон Анџелес 2028 година, ИОК ќе ја потврди во февруари идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот