Караџовски: Не сум убил некој да чувствувам одговорност, само сум давал стручно мислење (ВИДЕО)

По деталната анализа на бројките на заразени, починати и оздравени пациенти од Ковид 19, епидемиолгот и претседател на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски им испрати неколку пораки на граѓаните, но и на политичарите кои го напаѓаат и ја доведуваат во прашање стручноста и професионалноста на Комисијата за заразни болести.

– Не сум убил некој да чувствувам одговорност, сум давал стручно мислење за одредени прблеми во државата , јас сум 27 години професионалец во 13 министерски влади кои биле претходно. Сè што работам, работам во интерес на државата, а тоа колку пати не сум ручал, вечерал или дошол дома, тоа јас знам- рече Караџоски.

Мојот став е стручен, епидемиолошки, потенцираше Караџоски.

– Почитувани граѓани, Комисијата изготвува свои протоколи и ги дава на минстерот за здравство и на усвојување во Влада. Ние сме стручно, советодавно тело, ние не сме Влада, ние не сме луѓе кои директно донесуваме одлуки. Ве молам да ги почитуваме мерките за да можеме да испливаме од оваа вода. Да не дзволиме да си пресудуваме сами на себе, да воведуваме рестриктивни мерки кога сите држави се отвораат, им порача Караџовски на граѓаните.

Kaраџоски се осврна и на своето професионално искуство и кажа дека 27 години работи во Институтот за јавно здравје.

-Министерот Филипче ми е 13-ти министер, директорот на Институто за јавно здравје ми е деветти директор и ќе издржам затоа што сум цврст како куче, рече Караџовски.

Епидемиологот Караџоски повика на обединување и испрати порака да се остават политиката и партиите на страна. Според анализите кои се правеле во Комисијата, вирусот е ослабен и во последните седум дена на Клиниката за инфективни болести немало ниту еден пациент на респиратор. Тој претходно истакна дека е крајно разочаран поради непочитувањето на мерките, неносењето на маска, групирањето и ифтарските вечери, за кои рече дека „ни се удрија од глава како бумеранг“

Погледнете го целото обраќање на претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџоски:

Караџовски: Крајно сум разочаран од непочитувањето на мерките (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот