Караџовски: Крајно сум разочаран од непочитувањето на мерките (ВИДЕО)

Колку повеќе тестирања, толку повеќе расте бројот на заразени лица, потенцираше Караџоски.

Проблемот се оние пет градови, каде имаме највисока инциденца, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџоски на денешната прес-конференција која се одржа во Владата.

– Непочитувањето на мерките, неносењето на маска, групирањето и ифтарските вечери ни се удрија од глава како бумеранг. По Бајрам бројот на пациенти заразени со ковид-19 значително расте. Вториот бран од 26 мај се поклопува со бројот на заболени до месец април. Дојдовме до една ситуација кога цела Европа ги попушташе мерките, па истото го направивме и ние, очекувајќи да се почитуваат мерките за носење заштита и забраните за групирање. Крајно сум разочаран од непочитување на мерките- истакна Караџоски.

Колку повеќе тестирања, толку повеќе расте бројот на заразени лица, потенцираше Караџоски.

– Ги истестиравме сите текстилни работници, во одредени фамилии и некои алгоритми каде имавме дел од асимтоматски тестирања. Ја следиме состојбата, тоа што всушност бара СЗО од нас, а тоа е 60-80 отсто од регистрираните случаи да ги имаме под контрола, односно да ги имаме во кластери- рече Караџоски.

Погледнете го целото обраќање на претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџоски:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот