Караџовски: Два до четири отсто од позитивните завршуваат на Клиника

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски рече дека во просек 80 отсто од сите регистрирани случаи со ковид-19 се асимптоматски или се со многу лесна незначителна клиничка слика.

Тој рече дека 12 до 14 проценти имаат лесна клиничка слика односно се со лесно изразени симптоми, а два до четири отсто завршуваат на Клиника.

Д-р Караџовски: Не е тајна, бев официр – лично сум секогаш за построги мерки, кој го загрозува нашето здравје да одговара!

– За некого тоа се вика температура, слабост, малаксаност, кашлање, отежнато дишење, запушен нос, каде што пациентот ќе остане дома и ќе ја прима терапијата. Просечно, два до четири отсто завршуваат на Клиника. Овие два до четири отсто имаат најчесто воспалителен процес на белите дробови или некој друг коморбидитет што му ја усложнува клиничката слика, рече Караџовски на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

ВИДЕО | Филипче: Се соочуваме со силен бран на вирусот, ќе се прават 350 повеќе тестирања во текот на денот

Тој посочи дека еден до четири отсто завршуваат на респиратор, а има во просек 15 до 20 хоспитализации дневно.

– Да, здравствениот систем трпи, здравствениот систем има можност да ги растегне тие клинички капацитети и нови интернистички одделенија да постанат ковид одделенија. Меѓутоа се има своја мерка. Лабораториите се тие што ќе можат сукцесивно да набавуваат илјада тестови. Ние финансиски ќе издржиме, тоа не е спорно. Спорно е само кога здравствените работници ќе паднат, додаде тој.

ВИДЕО | Д-р Караџовски: Здравствениот систем функционира, тестови има, лаборанти има, работиме по 16 часа

Караџовски истакна дека од минатата недела има 50 студенти на пета и шеста година на Медицинскиот факултет, кои добија можност да навлезат во епидемиологија и да прават епоидемиолошки анкети. За таа цел, како што рече, вклучена е дел од социјална медицина и дел од медицина на трудот.

– Јас останувам до последен момент на браникот. Немам намера да речам дека јас сум најболниот овде. Дека немаме епидемиолози, тоа е факт. Барам строги рестриктивни мерки во делот на казанување. Само на тој начин можеме да опстоиме дека некој ќе се осети дека не треба да прави одредени манифестации со коишто го ремети своето меѓутоа и колективното здравје. Никој не смее да го загрозува моето лично здравје, здравјето на мојата фамилија и вашето здравје. Тој што го загрозува тој треба да одговара, рече Караџовски. 

ВИДЕО | Д-р Kараџовски револтиран: Ние не сме мафијаши, не дозволувам влакно да и фали на Комисијата, чисти сме како солза!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот