ВИДЕО | Филипче: Се соочуваме со силен бран на вирусот, ќе се прават 350 повеќе тестирања во текот на денот

Министерот Венко Филиче иД-р Жарко Караџовски/ Фото: Драган Митревски/Слободен печат

Се соочуваме со силен бран на вирусот, ситуација која значително ги тангира сите сегменти во здравствениот ситем, од лабораториските капацитети со сместувачките капацитети, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција пред Министерството за здравство.

Ја очекувавме оваа ситуација, слична е состојбата во сите европски земји. Мора луѓето да покажат свесност. Доколку доследно се почитуваат мерките ќе има резултати– рече Филипче.

На Инфективната болница има се уште слободни места, но тие забрзано се пополнуваат, направивме план за дополнување на капацитетите.

Се подготвуваат две одделенија во болницата „8 Септември“, поради секојдневниот раст на новозаболени, предложено е проширување на капацитетите и на болницата во Козле, како и отворање на нова лабораторија за тестирање на материјали- рече Филипче.

Се мобилизираат сите доктори за да помогнат во борбата со коронавирусот, вели Филипче.

Д-р Kараџовски: Не дозволувам влакно да и фали на Комисијата, чисти сме како солза

-Обезбедени се повеќе тестови во повеќе институции, ќе се прават 350 повеќе тестирања во текот на денот- рече Филипче.

На новинарско прашање министерот потенцираше дека пациентите многу доцна се јавуваат на болничко лекување.

Министерот посочи и дека сериозен процент на пациентите доаѓаат доцна во болницата со веќе многу тешка манифестација на болеста.

– Дури над 85 проценти од починатите се пациенти кои имаат коморбидитети. Се заврши анализата, дел од податоците беа соопштени и од Инфективната клиника, огромен процент од пациентите се со коморбидитети, значи тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време. Понатаму еден сериозен процент на пациенти кои навистина доцна доаѓаат во болница со веќе многу тешка манифестација на болеста, и тоа е тренд што не прати од почетокот, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Д-р Kараџовски: Не дозволувам влакно да и фали на Комисијата, чисти сме како солза

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот