Карачиќ потпиша нов договор со Келце

Карачиќ потпиша нов договор со полскиот тим/ фото: EPA-EFE/Adam Kumorowicz

Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ денеска потпиша нов тригодишен договор со полскиот Келце со што стави крај на шпекулациите за негово евентуално враќање во Вардар за кого настапуваше од 2012 до 2019 година.

Во изминатиот период се шпекулираше дека преговорите со Келце не одат во посакуваната насока и постои можност Карачиќ повторно да го облече дресот на Вардар со кого освои две титули во Лигата на шампионите. Но, денеска Карачиќ со ставањето параф на новиот тригодишен договор ги разреши сите дилеми околу неговата иднина.

– Можам само да кажам дека сум среќен што успеавме да се договориме со Келце и што ќе ја продолжам мојата кариера тука. Со сопругата се чувствуваме одлично овде и имаме сè што ни е потребно. Клубот е на највисоко можно ниво и нашите амбиции постојано растат. Во овој проект веќе е многу вложено и се надевам дека ние, играчите предводени од нашиот тренер ќе успееме да ги реализираме сите планови. Верувам дека нема да останеме без успеси и ќе ги израдуваме и нашите навивачи – изјави Карачиќ по потпишувањето на новиот договор со полскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот