Карачиќ за одлуката на македонските судии во финалето на ЕП (ВИДЕО)

twitter/HRS

Хрватскиот репрезентативец и поранешен играч на Вардар призна дека направил грешка и правилна била одлуката на Начевски и Николов.

Годинава на Европското првенство репрезентацијата на Шпанија ја освои титулата откако во големото финале во Стокхолм ја совлада Хрватска со 22:20.

Тоа финале го судеше најдобрата македонска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои се најдоа на „удар“ кај Хрватите веднаш после завршувањето на завршниот дуел за златото.

Во самиот финиш од средбата Хрватите имаа напад за израмнување, топката ја имаше поранешниот Вардарец Игор Карачиќ кој според нашите судии направи чекори.

Хрватските репрезентативци во тој момент знаеја колку е клучен нападот, и не можеа да поверуваат во одлуката на Николов и Начевски. После тоа финале и селекторот на „коцкастите“, Лино Червар изјави дека неговата селекција беше оштетена од Македонците.

Неколку месеци подоцна еден од организаторите на играта, Карачиќ во интервјуто за „Балкан-Хендбол“ призна дека сепак македонските судии имаа правилна одлука.

Им симнувам капа за тоа што досудија, сосема е исправно. Се случи грешка, ние скапо ја плативме – се зборовите на Карачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот