Капитол мол го организира Хибрид фест

Иднината на движењето и мобилноста е во електричните и хибридни возила. Капитол мол го организира Хибрид фест од 25. до 27. јуни – 3 дена посветени на еко автомобили, скутери, тротинети и велосипеди.

– Постојано се соочуваме со предизвиците на урбаниот начин на живеење. Низ годините загадувањето и глобалното затоплување станаа проблем за сите, како во целиот свет, така и кај нас. Големите компании и умови со децении работат на истражување, методи и решенија кои ќе ни помогнат да ги надминеме. Според еко трендовите кои ни доаѓаат, иднината на мобилноста е во електричните и хибридни возила. За нашите посетители и сите заинтересирани да се информираат и да ги видат еко превозните средства го организираме првиот Хибрид фест заедно со ProCredit Bank, Toyota Hybrid, Hamachi и MS Energy – велат организаторите, Капитол мол.

Хибрид фест се одржува од 25. до 27. јуни и тоа во периодот од 18.00 до 21.00 часот. За време на настанот ќе има и можности за тестирање на возилата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот