Капацитетот на новата трибина на стадионот „Билјанини Извори“ е 1480 седишта

Заедничка инвестиција на Општина Охрид и ФФМ/facebook.com/KonstantinGeorgieski7

Како што информира Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, заедно со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска е направен увид на завршните градежни активностити за изградба на новата трибина на Градскиот стадион „Билјанини Извори“.

– Ова е заедничка инвестиција на Општина Охрид и ФФМ во вредност од 1 милион евра и истата е една голема придобивка за нашиот град, за развојот на спортот и обезбедување на посовремени услови за развој на спортски туриза – вели Георгиески.

Капацитетот на новата трибина е 1480 седишта. Во нејзиниот централен дел е изведена вип ложа, коментаторска кабина и простор за камери.

Согласно проектот, изведени се и сите внатрешни простории, кои се предвидени за вакви современи спортски објекти.

Како што е најавено и на веб страната на УЕФА, токму на овој терен на 7 септември во рамките од квалификациите за ЕП, македонската У21 млада репрезентација ќе ја пречека Србија со почеток од 16.00 часот.

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини/Фото: facebook.com/KonstantinGeorgieski7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот