Жоао Кансело/Barcelona FC

Кансело со подвиг каков што нема никој друг испиша историја – зад себе ги остави Роналдо, Бекам, Ибрахимовиќ…

Жоао Кансело испиша нова страница во историјата на европскиот фудбал, откако стана првиот играч кој успеал да освои шампионски титули во четири од петте најсилни европски првенства.

Португалскиот репрезентативец до трофеите стигнуваше со различни европски гиганти. Во Италија славеше со Јувентус, во Шпанија ја освои титулата со Барселона, во Германија беше шампион со Баерн Минхен, додека во Англија доминираше во дресот на Манчестер сити.

Со овој подвиг Кансело постави рекорд каков што досега не му успеал на ниту еден фудбалер, дополнително зацврстувајќи го своето место меѓу најуспешните играчи во модерниот европски фудбал.

Во друштвото на фудбалери кои успеале да освојат титули во три од петте најсилни лиги се и Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Дејвид Бекам, Арјен Робен, Кингсли Коман, Артуро Видал, Максвел и Тијаго Алкантара.

ВИДЕО | Барселона е шампион на Шпанија, Рашфорд и Торес го урнаа Реал за делириум на „Камп Ноу“

Реал реагира на судењето во „Ел Класико“: Ова е лигата на Тебас и Негреира, циркус и фарса

ВИДЕО | Погледнете ја реакцијата на Луис Енрике кога му го кажаа резултатот од „Ел Класико“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот