ВИДЕО | Барселона е шампион на Шпанија, Рашфорд и Торес го урнаа Реал за делириум на „Камп Ноу“
Фудбалерите на Барселона ја одбранија титулата шампион на Шпанија. Тимот на Ханси Флик ја обезбеди својата 29 шампионска титула на три кола пред крајот на сезоната во Ла Лига, победувајќи го на домашен терен Реал Мадрид во големото Ел Класико со 2:0. Во составот на Реал Мадрид поради повреда не беше еден топ стрелецот во екипата, Французинот Килијан Мбапе.
Препорачано
Барселона започна неверојатно офанзивно од првата минута, се играше деветтата минута кога беше досуден фаул за Барселона на некои 17 метри од голот. Слободниот удар го круниса Маркус Рашфорд со маестрален гол, за голема радост на повеќе од 60.000 навивачи на стадионот „Камп Ноу“.
На вториот погодок на натпревар чекавме до 18 минута за уште еден гол, Мартин одлично го пронајде Олмо, кој мајсторски му ја додаде топката на Торес, а овј рутински постигна гол за 2:0.
Само три минути подоцна ја видовме најдобрата шанса на Реал. По феноменален контранапад, Гонзало излезе сам пред Гарсија, но шутираше покрај мрежата од само пет метри. Видовме нова опасна ситуација во 24 минута кога Белингам вешто избегна офсајд стапица, му ја додаде топката на Винисиус, но во последен момент Ерик Гарсија ја расчисти опасноста.
Барселона можеше да постигне уште два гола до крајот на првото полувреме. Прво, во 38 минута, Рашфорд излезе сам пред Куртоа, но Белгиецот имаше феноменална одбрана. По еден корнер, топката стигна до Олмо, кој шутираше покрај мрежата од само седум метри.
Во второто полувреме, Реал конечно почна да игра малку поофанзивно. Ова во голема мера се должеше на помирниот фудбал на Барселона, чии играчи очигледно беа задоволни од водството. Првата голема шанса во второто полувреме ја видовме во 56 минута кога Фермин испрати уште една одлична топка до Торес, кој отиде сам пред Куртоа, но „број еден“ на Реал повторно одбрани.
CHAMPIONS 🏆
It's not just a league title.
It's history. 💙❤️ pic.twitter.com/eJG1BUAsWW— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 10, 2026
Реал имаше опасна ситуација во 63 минута кога, по грешка, Винисиус се обиде да го лобува голманот на Барса, но голманот на новите шпански шампиони го спаси својот гол. До крајот, Барса можеше да постигне трет гол преку Рафиња и Левандовски, но нивните удари беа одбранети од Куртоа.
На крајот конечни 2:0 за каталонскиот клуб, беше и многу емотивна ноќ за тренерот на Барселона, Ханси Флик, чиј татко почина еден ден пред Ел Класико.


