Реал Мадрид - Барселона/. EPA/SIU WU

Реал реагира на судењето во „Ел Класико“: Ова е лигата на Тебас и Негреира, циркус и фарса

Поразот од Барселона во неделното „Ел Класико“, кој значеше и дека Реал и математички ги загуби шансите за титулата, донесе големо незадоволство во таборот на „кралевите“.

Посебно бурни реакции предизвика ситуацијата од 54. минута, кога Ерик Гарсија со лакт го удри Џуд Белингам во лицето, при што тој заработи исеченица и обилно крвавеше. Инцидентот се случи во шеснаесетникот на Барселона, но ВАР-системот не реагираше, ниту судијата беше повикан да ја прегледа снимката.

Тоа предизвика остра реакција од клупската телевизија на Реал Мадрид, која без задршка го нападна судењето и организацијата на шпанското првенство.

„Начинот на кој се пренесуваат натпреварите во Ла Лига е срамен. Ова е лигата на Тебас и Негреира. Циркус и фарса, ова е страшно“, порачаа од клупската телевизија.

Тебас, како што е познато, е актуелен претседател на Ла Лига, додека Негреира беше во центарот на вниманието во скандалот во кој Барселона плаќаше одредена сума на компанија во која тој е косопственик.

ВИДЕО | Барселона е шампион на Шпанија, Рашфорд и Торес го урнаа Реал за делириум на „Камп Ноу“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот