Фото: EPA/PABLO MIRANZO

Кандидатот за испаѓање од Ла Лига го шокираше полуфиналистот во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Елче денеска на домашен терен го победија Атлетико Мадрид во 33 коло од шпанското првенство со резултат 3:2.

Ова беше златна победа за домаќинот, кој се бори за опстанок во елитата. Од друга страна, Атлетико излезе на теренот со целосно изменет состав по триумфот во финалето на Купот на кралот против Реал Сосиедад.

Атлетико наскоро го очекува полуфинален двомеч во Лигата на шампионите против Арсенал.

Започна добро за клубот од главниот град. Гонзалез беше многу расположен, кој му донесе водство на Атлетико во 10 минута. Елче успеа да израмни со голот на Афенгрубер во 18 минута.

Во 30 минута од натпреварот, Алмада доби директен црвен картон, а Елче ги сврти работите на теренот со гол од пенал на Силва. Само една минута подоцна, Атлетико сепак успеа да израмни со уште еден гол на Гонзалез.

Симеоне направи промени во одбраната во второто полувреме, но Силва го постигна вториот гол во 75 минута и му ја донесе победата на Елче.

Елче сега се искачи од зоната за испаѓање и сега е на 15 место со 35 бода, додека Атлетико е четврти со 57 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот