Кандидатите купувачи на Манчестер јунајтед имаат рок од 10 дена да ги достават понудите

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

На кандидатите за купување на Манчестер јунајтед им беше кажано дека ќе имаат 10 дена да ја подготват и да ја претстават својата следна понуда за клубот. „Дејли Мејл“ открива дека во четврток претставници на шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани ќе бидат на Олд Трафорд за да ги претстават своите планови, додека во петок на ред ќе дојде другиот главен фаворит – Сер Џим Ретклиф.

Тие ќе се сретнат со членови на различни оддели, вклучувајќи фудбалски, финансиски и комерцијални, додека ќе го обиколат легендарниот стадион и тренинг објектот на клубот. Потоа ќе се направат независни проценки за тоа колку ќе биде потребно за реновирање на Олд Трафорд или за изградба на целосно нов објект.

Понудувачите потоа ќе ги поднесат своите втори понуди до американската банка Raine Group, која управува со процесот на продажба во име на сопствениците на Јунајтед, семејството Глејзер. Банката потоа ќе се консултира со Глејзер пред да донесе конечна одлука. Во оваа фаза, избраната понуда ќе добие целосен пристап до сметките на клубот. Страните потоа би можеле да преговараат дополнително пред да се постигне целосен договор.

Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани нема лично да патува во Манчестер. Тоа ќе го направи неговиот тим, кој вклучува директори на Bank of America кои работат во Катар и адвокати, ќе го застапува на споменатиот состанок.

Ретклиф, кој е сопственик на компанијата Инеос, сака да купи 69 отсто од акциите на семејството Глејзер и ќе пристигне лично од Ница, клубот во кој го има мнозинскиот удел.

Се верува дека во трката за Манчестер Јунајтед има уште двајца кандидати од САД. Покрај идејата за целосно купување на клубот, ќе се разгледува и опцијата за делумна инвестиција. По завршувањето на презентациите, понудувачите ќе имаат рок од 10 дена да ги поднесат понудите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот