Канадски воен хеликоптер се урна во Јонското Море

Воен хеликоптер се урна во Азербејџан,/фото: МИА

Вооружените сили на Канада соопштија дека хеликоптерот „учествувал во инцидент“ и дека е воспоставен контакт со семејствата на настраданите, без да изнесат дополнителни детали.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го потврди падот на канадскиот воен хеликоптер, кој вчера исчезна во областа меѓу Грција и Италија, во Јонското Море.

Тој во обраќање во парламентот изрази сочувство по повод несреќата која се случила за време на изведување воени важби.

Претставниците на грчкото Министерство за одбрана изјавија дека и хеликоптер на грчката морнарица учествувал во потрагата по канадскиот „C – 148 циклон“, кој синоќа исчезна од радарите, а потрагата понего се одвивала во координација со властите во Италија.

Мицотакис рече дека ќе разговара со премиерот на Канада, Џастин Трудо, со цел да му изрази сочувствопо повод несреќата.

За сега нема податоци за бројот на членови на екипажот во хеликоптерот.

Вооружените сили на Канада соопштија дека хеликоптерот „учествувал во инцидент“ и дека е воспоставен контакт со семејствата на настраданите, без да изнесат дополнителни детали.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот