Кампања бара забрана за „Photoshop“ во рекламите за убавина: Сè што е природно стана непожелно

Instagram
Instagram

Колку пати ви се случило да наидете на фотографии од профил што го следите на некоја од социјалните мрежи и веднаш да не се чувствувате удобно во сопствената кожа?

Отсекогаш знаевме дека кампањите за убавина и мода се нерелани, измислени, рафинирани и некако го прифативме тоа како дел од нашето секојдневие. Можеби не ја поддржуваме секоја, но овие совршени лица што ги гледаме во списанијата или билборди низ градот несомнено ги доживеавме како„бајка“.

Instagram
Instagram

Со ерата на социјалните мрежи, обработката на фотографии преку разни апликации и филтри стана толку едноставна што веќе секој на својот профил од некоја од социјалнтие мрежи може да ја претставува својата „бајка“. Инфлуенсерите се будат наутро со толку „совршен тен“ што нашите мозолчиња добиваат монструозна форма и почнуваат да нè прогонуваат.

Иако знаеме дека сите овие лажни претставувања се далеку од реалноста, тие некако нè прават помалку сигурни и задоволни во сопствената кожа.

Instagram
Instagram

Хиперпигментација, флеки, пори, дамки, црнки, мозолчиња – сè што е природно стана непожелно. Но модните брендови кои се виновни за денешниот поим за идеална и, пред сè, недостижна убавина во последните неколку години се чини дека почнале да ја прифаќаат нормалноста.

Сега сите големи модни брендови почнаа кампањи за таканаречената „природна убавина“, славејќи ги сите „несовршености“. Веќе сме сведоци на „plus size“ модели на модните писти или истакнати облини во спортски кампањи.

Instagram
Instagram

Но, што се случува со лицето? За среќа, почна и тоа да се менува. Брендот „Skin Proud“ започна нова кампања преку која испраќа силна порака „Биди горд, не совршен“. Оваа кампања, освен што испраќа силна порака, оди и чекор подалеку. Преку петиција, тие бараат забрана за употреба на „Photoshop“ во реклами за убавина.

Тие ја испраќаат оваа порака со впечатлива визуелизација, споредувајќи убави лица со скоро совршена кожа и нереално убави лица кои се „пласираат“ под „нормално“ со децении.

Брендот нагласува дека никој не смее да се чувствува несигурен во својата кожа и дека е време да престане прикажувањето на совршени идеали. Овој бренд за убавина е познат по тоа што ја промовира вистинската убавина, нагласувајќи дека на кожата не ѝ треба решение, туку движење.

Instagram
Instagram

Треба да бидеме реални. Треба да разговараме. Да се отстранат сите филтри и словеи на „Photoshop“ за секој да може гордо да застане пред огледалото, да сфатиме дека она што го гледаме во него е сосема нормална слика за убавината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот