Кампацо донел одлука: Од Белград се сели во Мадрид?

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарот на Црвена Звезда, Факундо Кампацо би требало кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, објави шпанска „Марка“.

Веќе неколку недели наназад се најавува каде Кампацо би можел да ја продолжи кариерата, а решението би требал ода биде донесено во наредните денови. Според информациите на шпанскиот новинар Карлос Сантос кој работи за „Марка“ работата е завршена и во наредните неколку дена би можеле да добиеме и потврда.

Кампацо го носеше дресот на Реал Мадрид од 2014-та до 2020-та година пред да се пресели во НБА лигата и да помине две години Денвер, а потоа како кошаркар на Далас да добие отказ.

Во декември 2022 година се врати во Европа и потпиша договор со Црвена Звезда со која ја освои титулата шампион на Србија и купот „Радивоје Корач“. Со Реал Мадрид двапати беше шампион на Европа (2015 и 2020 година).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот