Камиони со стока блокирани на преминот Јариње „поради нефункционалност на српската царина“

камиони
Камиони/ Фото: МИА

Центарот за гранично управување на Министерството за внатрешни работи на Косово (НЦУГ) соопшти дека на преминот Јариње биле блокирани и запрен сообраќајот на камиони со стока, а причина за тоа е „нефункционирањето на царинскиот систем на Србија“, објави Коссев.

„Ве известуваме дека денеска од 16 часот и 15 минути од српска страна бевме известени дека царинскиот систем од српска страна не функционира и дека камионите со стока не се движат ниту при влез ниту при излегување од овој граничен премин“, стои во соопштението на НЦУГ објавено на Фејсбук.

На овој премин главно влегува стока наменета за четири општини на северот на Косово, а преку преминот Мердаре се увезува стока за другите делови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот