Камиони без возач во Шведска поминуваат по 300 километри

Фото Илустрација

Шведскиот производител на камиони Сканија не е единствениот производител на автомобили што развива автономни возила, но неодамна стана првиот во Европа кој ги користи за испорака на комерцијални стоки, пишува Хина.

„Ние ја земаме стоката и ја транспортираме од точката А до точката Б, целосно автономно“, изјави за AФП Питер Хафмар, од транспортниот оддел на Сканија.

Во пилот проект, самоуправувачки камион маневрира на потег од приближно 300 километри помеѓу Седертаље и Јонкопинг во јужна Шведска, испорачува брза храна. Однадвор, возилото изгледа речиси како и секој друг камион, но има вградени камери и два сензори на покривот. Во кабината, воланот и седиштата се таму каде што ги очекувате, но контролната табла е полна со бројни уреди и екрани, а многу жици водат до решетката за компјутер што се наоѓа зад совозачкото седиште.

Требаше да се прилагодат работите како кога камионот се спојува во сообраќајот на автопатот и што да се прави кога друг автомобил ќе го помине патот пред него. Секој пат кога камионот прави нешто неочекувано, како што е сопирање или забавување без очигледна причина, се запишува точниот момент кога тоа се случило. Сензорите на камионот исто така се калибрираат секојдневно пред да излезат на патот.

Експертите велат дека сè уште има пречки што треба да се отстранат пред камионите без возачи да станат вообичаени на патиштата, и во однос на технологијата и законодавството. Тоа се очекува да се реши до крајот на 2020-тите или почетокот на 2030-тите, велат експертите. Појавата на самоуправувачки камиони може да се смета за закана за работата на возач на камион, една од најчестите занимања во светот. Но, ќе помине долго време пред вештачката интелигенција да може да се справи со сите аспекти на логистиката, пренесува Ал Џезира Балканс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот