Камерите на улица Орце Николов не „ѕиркаат“ во домовите на граѓаните – не се во функција

улица орце николов
Камери на улица Орце Николов во Дебар Маало, Фото: Фејсбук

На улицата Орце Николов во Дебар Маало, при нејзината реконструкција се поставени камери, но тие не „ѕиркаат“ во домовите на граѓаните, затоа што пред сѐ, не се пуштени во употреба. А и кога ќе се пуштат тоа ќе се стори со одобрение на надлежната Дирекција.

-Камерите ќе бидат пуштени со посебно одобрение од Дирекцијата за заштита на личните податоци и ќе се користат исклучиво за паркираните возила на јавните паркиралишта на ЈП „ПОЦ“. Граѓаните можат да бидат спокојни, затоа што со сите подесувања на камерите се заштитуваат личните податоци на граѓаните и нивната приватност – тврдат од Општина Центар.

Деновиве професорката Гордана Силјановска Давкова реагираше дека на бандерите се прикачени видео-камери кои, според неа, се насочени во интимниот простор на граѓаните.

-Пред неколку дена, во духот на заложбите за „безбеден и мирен град“, дваесеттината истопорени светлосиви стапови, добија очи, одосно по две камери, од кои едната е фокусирана на улицата, а другата е директно насочена кон нашите домови, небаре сме во реално шоу.Би сакала да верувам дека фокусот случајно, од невнимание или незнаење е дефокусиран, ама да ги потсетам надлежните на членот 25 од Уставот: „на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на ПРИВАТНОСТА на неговиот личен и семеен живот – напиша актуелната пратеничка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот