Орце Камчев / Фото: Слободен печат /Арбнора Мемети

Камчев нема да добие милион и пол евра отштета за „Рекет“, како што бараше

Врховниот суд одлучи дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара надомест од 1,5 милиони евра во граѓанската постапка за предметот „Рекет“, оценувајќи дека тој не може да се смета за оштетен во случајот.

Како што објави „Призма“, петмина врховни судии донеле одлука дека Камчев нема основ да ги побарува средствата што ги дал, откако претходно преку својот адвокат Александар Михајловски поднел барање за ревизија на одлуките на пониските судови кои му ја одбиле тужбата.

Камчев во 2022 година ги тужеше Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, како и поранешното Специјално јавно обвинителство, барајќи солидарно враќање на парите што, според неговите наводи, ги дал како рекет, но подоцна се откажа од тужбата против Милевски.

Во образложението на пресудата, Врховниот суд наведува дека тужителот се впуштил во, како што е наведено, „морално недопуштено договарање“ со тужените, со цел да си ја олесни положбата во предметот „Империја“, поради што нема право да бара враќање на дадените средства. – Кога двете страни се несовесни, ниту една од нив не може да го поврати назад даденото – стои во пресудата.

Судот оценил дека со давањето пари Камчев сторил кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, посочувајќи дека евентуалното обештетување би значело нарушување на интегритетот на правосудниот систем.

Вилма Русковска: Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома, а наводните пораки од неговиот телефон се лажни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот