Камала Харис удри без задршка по Трамп: Неговото однесување е одвратно

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп, обвинувајќи го за неодговорно водење политики и предупредувајќи дека неговите постапки би можеле да доведат до воени злосторства и дополнително да ги загрозат американските војници, објави американски Њузвик.

Во серија објави на социјалната мрежа „Threads“, кои собраа повеќе од 100.000 реакции, Харис рече дека Трамп се заканува дека ќе „уништи цела цивилизација“, опишувајќи го неговото однесување како „одвратно“ и без јасен план или стратегија за излез.

Во првата објава, таа истакна дека „претседателот на Соединетите Американски Држави се заканува дека ќе изврши воени злосторства и ќе уништи цела цивилизација, сè поради војна што самиот ја започнал, без никаков план за нејзино завршување“.

Таа додаде дека таквата политика не е поддржана од американските граѓани.

Остри критики

Поранешната потпретседателка Харис ги засили критиките, обвинувајќи го Трамп за неодговорно лидерство кое непотребно ги става во опасност американските војници, го оштетува глобалниот углед на Соединетите Американски Држави и дополнително ги зголемува трошоците за живот за американските граѓани.

Таа ја повика јавноста да се спротивстави на конфликтот и финансирањето на она што го нарече „нелегална војна по избор“.

Како поранешен потпретседател и ривал на Трамп на изборите во 2024 година, Харис останува значително влијателна во Демократската партија на САД.

Во меѓувреме, Трамп рече дека ова е „одличен ден за светскиот мир“ откако Соединетите Американски Држави и Иран се согласија на двонеделен прекин на огнот, под услов Техеран да им дозволи на бродовите да минуваат низ Ормускиот Теснец. Претседателот додаде дека преговорите за долгорочен договор се многу блиску до завршување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот