Калин шампион на фјучерсот во Скопје!
Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски е шампион на ИТФ фјучерсот кој се одржува во Скопје. Калин во големото финале славеше против Французинот Саша Вајенбург со 2-0 (7-6, 6-4).
Препорачано
Македонскиот тенисер го доби мечот по еден час и 46 минути игра. Одлучувачки беше тајбрејкот. Со овој триум Ивановски стана првиот Македонец кој го освојува турнирот во Скопје по пауза од 15 години.
Ивановски мечот го почна одлично со брејк и потоа водство од 2:0. Но, Французинот се врати во игра и направи два брејка за водство од 4:2. Сепак неизвесноста продолжи откако Ивановски направи уште еден брејк и потоа изедначи на 4:4.
Вајенбург го искористи гемот на свој сервис за водство од 5:4, а во 10.тиот гем на сервис на Ивановски нашиот тенисер направи двојна сервис грешка со што Французинот имаше и сет топка во првиот сет, но Калин го „намести“ сервисот и стигна до изедначување 5:5. Во следните два гема немаше брејк, а во тај брекот почна со два мини брејка, а по 2:2 на поени Вајенбург направи двојна грешка и потоа следуваше серијата на Ивановски од пет поени за да поведе во мечот со 1-0 во сетови.


