Каја Калас / Фото; EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Калас му одговори на Вашингтон за слободите: Упатете ја оваа критика кон Русија, а не кон ЕУ

Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, остро го критикуваше Вашингтон , велејќи дека критиките за слободите во ЕУ можеби треба да бидат насочени кон Русија, пренесува Ројтерс.

Коментирајќи го извештајот на Белата куќа за стратегијата за национална безбедност, објавен пред комисијата на Европскиот парламент во петокот, Каја Калас нагласи дека „ Европската унија е квинтесенција на слободата“.

„Оваа критика на слободите треба да биде насочена во поинаква насока. Можеби кон Русија, каде што слободата на печатот е забранета, каде што опозицијата е забранета, каде што Икс или Твитер, како што го знаеме, е исто така забранет“, рече таа, коментирајќи ги критиките од САД за казната против платформата Икс на Илон Маск.

Запрашана за критиките од САД, Калас оцени дека тоа е „направено како провокација“ и повтори дека Европската Унија останува најголем сојузник на САД.

Шокантен документ: САД ја менуваат играта, Европа се заобиколува, Вашингтон турка брз договор со Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот