Pixabay

Какви придобивки за здравјето има внесувањето на целер во исхраната

Кога луѓето би знаеле дека целерот, кој не е многу популарна намирница изобилува со голем број витамини и минерали, многу почесто би ја внесувале во својот организам преку исхраната.

Целерот е исклучително богат со растителни влакна, со многу витамини кои го зајакнуваат имунитет, но и мускулното ткиво, а сокот од ова растение важи за моќен борец против појавата на сериозни заболувања.

Сок од целер
Сокот од целер е исклучително квалитетен и препорачливо е да се пие поради фактот што во неговиот состав се наоѓа многу мала количина шеќер и калории, а за разлика од сите други овошни и зеленчукови шејкови и сокови, веднаш делува на подобрување на нашето расположение и не дозволува да бидеме поспани, што честопати се случува кога ќе пиеме друг напиток од овошје или зеленчук.

Витамин А
Целерот е исклучително богат со витамин А, кој пак има клучна улога во зачувувањето на видот. Исто така, овој витамин ги штити очите од надворешна појава на бактерии и вируси што го иритираат окото, прават надувување на очните капаци и неконтролирано солзење. Витаминот А исто така помага во спречувањето на намалување на видот.

Го намалува ризикот од појава на рак
Целерот содржи лутеолин, а неодамна е докажано дека токму тој елемент помага во намалување на моќноста на клетките на ракот, притоа ослабнувајќи ги ѕидовите на клетките што помага при нивно побрзо уништување во процесот на лекување.

Железо и магнезиум
Целерот е исклучително богат со витамини и минерали какви што се железото, магнезиумот и натриумот, кои на сокот на целерот му даваат исклучително алкални својства. Со други зборови, јадењето на целер или пиењето на неговиот сок, може да ја неутрализира киселата средина во нашиот организам, киселините кои се создаваат во желудникот па дури и да ја намали киселоста на храната што ја јадеме. Поради ваквите својства, целерот многу помага во одржувањето на pH-рамнотежата во организмот. Консумирањето на многу кисела храна може да предизвика здравствени проблеми какви што се ослабување на коските, појава на камења во жолчката или во бубрезите и сл.
Исто така, целерот е преполн со калиум, кој има значајна улога во голем број процеси во телото, а научниците веруваат дека калиумот е трет по важност минерал за добро и нормално функционирање на организмот.

Го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2
Дијабетесот тип 2 важи за здравствен проблем на современиот свет, кој е тесно поврзан со современото и брзо темпо на живеење. Проценето е дека до 2030 година, повеќе од 400 милиони луѓе во светот ќе го имаат ова заболување.

Целерот е еден од начините за да се намали можноста за појавата на овој тип дијабетис, па токму затоа е препорачливо редовно да го има на трпезата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот