Каков пресврт на Италија, надополнија негатива од 26 поени (ВИДЕО)

„Аѕурите“ со неверојатна победа ги завршија настапите во групата Ј. Италија со 94:89 го совлада Порторико откако успеа во второто полувреме да надополни негатива од дури 26 поени.

Во натпреварот кој не можеше да им донесе пласман во четвртфиналето, подобро стартуваа кошаркарите на Порторико кои играа одлично во целото прво полувреме кое го добија со 46:26.

Во второто полувреме се разбудија Италијанците кои предводени од Марко Белинели негативата од 26 поени, на надополнија со серија од 37:9 и во последната четвртина дури имаа и предност од седум поени.

Продолженијата ги обезбеди Анхел Родригес од линијата за слободни фрлања, но во дополнителните пет минути немаа одговорот за разположените италијански кошаркари.

Марко Белинели со 27 поени беше најпрецизен на средбата додека Данило Галинари уфрли 22 поени, додека кај Порторико најефикасен беше Реналдо Балкман со 14 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот