Како Серхио Рамос дојде до бројката од 100 гола за Реал Мадрид

Голем удел во неверојатното постигнување на капитенот на „кралевите“ има и Кристијано Роналдо.

Серхио Рамос во победата на неговиот тим од 3:2 над Интер во третото коло од Лигата на шампионите, дојде до голем јубилеј, го постигна 100. гол во дресот на реал Мадрид.

Ова е неверојатно постигнување за Рамос бидејќи тој не е напаѓач или играч од средниот ред, туку еден од најдобрите дефанзивци на светот и целата кариера ја помина играјќи во одбраната. Како и голем број дефанзивци, Рамос најголем дел од головите ги постигна по прекини, посебно од корнерите, а 21. гол даде од пенал бидејќи во последните четири сезони тој е изведувач на ударите од белата точка.

Серхио Рамос во Реал Мадрид пристигна во 2005 година од Севиља и оттогаш во „кралскиот“ дрес одигра 659 натпревари. Изминатиот викенд дојде до бројката од 500. настапи во Ла Лига и стана 10. играч во историјата на шпанската лига со вакво постигнување.

Првиот гол за Реал Мадрид го постигна на 6. декември 2005 година против Олимпијакос во Лигата на шампионите, очекувано со глава по уфрлување на топката од слободен удар.

Рамос голгетерски експлодира по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус во 2018 година бидејќи ја презеде улогата на изведувач на пеналите. Во првата сезона без Роналдо во тимот, Рамос даде 11 гола, додека во втората 13, од кои седум се од пенал.


Во дресот на Реал Мадрид постигна по најмалку еден гол на сите шест натпреварувања на кои играл, Ла Лига, кралскиот куп, Лигата на Шампионите, шпанскиот и европскиот суперкуп и Светското клупско првенство.

– Индивидуалните рекорди се во втор план, но убаво е кога луѓето ги препознаваат успесите но и жртвувањата кои ги имав сите овие години. Стотиот гол не се постигнува секој ден, посебно кога сте дефанзивец. Се додека моите голови помагаат да победуваме, јас сум среќен и се надевам дека ќе имам уште повеќе – изјаву Рамос.

Головите и одличните настапи му донесоа грст трофеи, за 15. години колку што го носи дресот на Реал Мадрид, Серхио Рамос освои 22 трофеи, четири во ЛШ, пет во Ла Лига, два кралски куипа, четири шпански и три европски суперкупа и четири пати триумфира нна Светското клупско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот